Дневен хороскоп за 25 март

ОВЕН 

Очекувајте подобрување на заработката. Во наредниот период ќе имате само позитивни случувања на деловен план. Можно е да ви се укаже и можност за нова врска. Не колебајте се, туку препуштете им се на вашите чувства. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со сила и енергија.

БИК

Ако сакате да направите пресврт во работата во позитивен правец, обидете се да бидете поодговорни и посериозни. Денес е поволен ден ако планирате да влезете во нова љубовна врска. Ви следи добар период на ова поле. Внимавајте на здравјето и нискиот притисок.

БЛИЗНАЦИ

Преокупирани сте со работа, но важно ви е да останете посветени и одговорни во извршувањето на задачите за да се покажете во најдобро светло пред вашите претпоставени. Го сакате партнерот и убаво ви е кога сте заедно. Можете да очкеувате поволен период на љубовно поле. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

РАК

Немате да имате многу работа во текот на денот. Ве очекува фаза во која ќе имате доволно време за одмор. Ве очекува ново познанство кое може да го претворите во љубовна врска. Подготвени сте за нови случувања и промени. Внимавајте на здравјето. Важно е да најдете начин да се опуштите.

ЛАВ

Бидете трпеливи и не дозволувајте да ве испровоцираат на работа. Деловната ситуација од вас бара поголема смиреност. Ве очекува поволна фаза за нови емотивни случувања. Пред вас е период во кој ќе остварите ново познанство. Внимавајте на здравјето и одморајте колку можете повеќе.

ДЕВИЦА 

Задоволни сте од ситуацијата на работа. Не очекувајте поголеми промени и проблеми на ова поле. Се чувствувате убаво со партнерот покрај вас. Со него го добивате потребното внимание и нежности. Ве очекува поволен период на ова поле. Внимавајте на здравјето и проблемите со забите.

ВАГА 

Потребно е да покажете дека сте подготвени да се насочите кон остварување на потцртаните цели, кога е во прашање работата. Чувствувате дека не можете да ги надмините разликите во врската со вашиот партнер. Чувствувате дека се ближи разводот. Внимавајте на здравјето и обидете се да не се заморувате премногу со непотребни работи.

СКОРПИЈА

Можете да добиете шанса да го покажете вашиот талент и потенцијал. Ви претстои поволен период на полето на работа. Денес е поволен ден за ново патување со вашиот партнер, односно за малку авантура во вашиот живот. Внимавајте на здравјето и зголемете ја консумацијата на овошје и зеленчук.

СТРЕЛЕЦ

Тешко ви паѓаат промените на работа, но некако успевате да се носите со ситуацијата. Вечерните часови ви се поволни за нови познанства. Ве очекува фаза во која ќе имате можност за почеток на нова врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со притисокот.

ЈАРЕЦ

Можете да се надевате на поддршката од вашето деловно опкружување. Генерално ќе имате среќа на ова поле. Ќе имате можност да влезете во необврзувачка врска, нешто на што не сте подготвени. Сакате сериозна врска, а не авантура. Внимавајте на здравјето и проблемите со стапалата и зглобовите на нозете.

ВОДОЛИЈА 

Ќе успеете да ги остварите деловните промени кои сте ги имале во план. Пред вас е поволен период за работа. Не сте сигурни дали да му верувате на партнерот. Ви претстои бурен период на ова поле. Внимавајте на здравјето. Би ви годела прошетка.

РИБИ

Во текот на денешниот ден ќе бидете склони на кавги и расправии со вашите соработници на полето на работа. Подготвени сте на вашиот партнер да му ги покажете вашите искрени чувства и да се посветите на стабилизација на вашата емотивна врска. Со здравјето сè е во ред. Одлично се чувствувате.

 

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 25 март е превземен од Reporter.mk.