Дневен хороскоп за 29 октомври

ОВЕН

Притисоците кои ви ги прави шефот ве става во мисла да ја напуштите работата. Сега не е момент за носење големи одлуки. Обидете се смирено да ги решите предизвици кои се пред вас и работите ќе си дојдат на место. Постојат низа проблеми и предизвици меѓу вас и саканата и можете да ги решите. Потребно е само целосно му се посветите на вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е квалитетен сон.

БИК

Наскоро ве очекува подобрување на финансиската состојба. За одлично сработената награда во изминатиот период, вашите претпоставени ќе ве наградат со подобро работно место. Постојаните кавги и расправии со вашиот партнер е нешто што повеќе не сакате да го трпите. Наскоро можеби ќе доде до раскинување на врската. Внимавајте на здравјето. Обидете се да ги промените лошите навики.

БЛИЗНАЦИ

Искористете ја одличната атмосфера на работа со колегите да ги остварите сите ваши замисли. Сега е моментот кога треба да се покажете пред вашиот шеф, да види за што сè сте способни. Заинтересирани сте за врска, но не сте подготвени на секој да му дозволите да влезе во вашиот живот. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со нозете.

РАК

Повеќе не сте во можност да ги трпите колегите на работа. Сакате промени и ќе направите сè што е во ваша моќ да ја промените позицијата. Можеби ќе ја промените и компанијата во која моментално работите. Се сомневате во искрените намери на вашиот партнер. Немате доволно доверба во него и тоа ќе предизвика турбуленции во врската. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на болки во коските.

ЛАВ

Вложениот труд на работа наскоро ќе ви го донесе долгоочекуваното унапредување. Атмосферата на работа е одлична и во иднина ве очекуваат убави моменти на ова поле. Сакате да најдате девојка за сериозна врска. Пред вас е период за нови познанства. Внимавајте на здравјето. Исцрпени сте.

ДЕВИЦА

Вашиот шеф ви предизвикува стрес и големи главоболки на работа. Обидете се да бидете смирен и полека решавајте ги работите. На крајот ќе го добиете посакуваниот резултат. Ве очекува возбудлив ден и на полето на љубовта. Очекувајте да ви се случат убави моменти со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на несоница.

ВАГА

Ве опетеретуваат многу проблеми и оставени обврски од минатото. Морате да им се посветите и целосно ги решите, ако сакате да ги освоите симпатиите кај вашите претпоставени. Вашиот партнер е подготвен да ви се посвети целосно и да направи да ви биде убаво во заедничките моменти. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со грбот.

СКОРПИЈА

Наскоро ќе ви се оствари желбата да отпатувате во страство. Тоа ќе биде деловно патување во кое ќе ви се укаже можност да се покажете во најдобро издание. Искористете ја можноста. Не се откажувајте од желбата и потрагата по вистинската љубов. Доаѓа период на убави моменти на полето на љубовта. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.

СТРЕЛЕЦ

Очекувајте проблеми и потешкотии на полето на финансии. Ќе ви биде потребно време за да се вратите во нормална ситуација. Не ви се допаѓа љубомората која ја покажува вашиот партнер. Ве очекува бурен период на полето на љубовта. Внимавајте на здравјето и појавата на стресот.

ЈАРЕЦ

Ве чекаат големи промени на работа. Од вас зависи дали ќе ја искористите можноста за напредок или ќе останете статус кво. Ова е моментот кога вашите шефови ќе ви укажат шанса за унапредување и покачување на платата. Вашиот партнер ќе прифати сè што ќе побарате од него, затоа што искрено сака да биде со вас и да ја спаси врската. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на бубрезите.

ВОДОЛИЈА

Ќе имате можност да најдете нова работа. Обидете се да дадете сè од себе за да го импресионирате шефот. Сега е моментот за да се покажете во најдобро светло. Се чувствувате осамено и сакате што побрзо да најдете некој со кого ќе го поминете остатокот од вашиот живот. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

РИБИ

Пред вас е деловно патување во кое ќе остварите значителни финансиски успеси. Одреден период ќе бидете разделен од вашиот љубов. Искористете го времето да размислите дали сакате остатокот од својот живот да го поминете со сегашниот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со синусите.

 

Текстот Дневен хороскоп за 29 октомври е превземен од Reporter.mk.