Добил седмица на лото, но досега се нема нема јавено да ја земе наградата

Во саботата беа извлечени добитниците на седмица на лото во Босна и Херцеговина, а добитникот на главната награда досега се нема јавено да ја подигне добивката. Извлечените броеви 1,4,5,9,12 и 13 му донесоа добивка од 50.000 евра, но досега среќниот добитник не се појавил, велат одговорните.

„Се чувствувам радосен и среќен што овие пари ќе му го олеснат животот на некое семејство. Од моментот кога е извлечено ливчето добив стотина повици и прашања дали среќниот добитник се појавил. Јас како одговорен на лотаријата и да знам, не би смеел да откријам“, вели одговорниот на лотаријата, пренесуваат тамошните медиуми.

Многумина на социјалните мрежи коментираат дека лотаријата била наместена и дека всушност никој не ги добил парите. Има и скептици кои тврдат дека целата работа била наместена и дека никој нема да ги добие тие пари. Некои тврдат дека веќе се знае добитникот, затоа што на продажното место има безбедносни камери и на основа на снимките, точно се знае кој го купил добитното ливче.

Пред седум години на истото продажно место на лотарија на Босна и Херцеговина, купено е бинго ливче, кој на среќниот добитник му донел награда од милион евра. Досега јавноста не дозна кој е среќниот добитник и на оваа сума.

 

Текстот Добил седмица на лото, но досега се нема нема јавено да ја земе наградата е превземен од Reporter.mk.