Доналд Трамп во друштво на Реган, Никсон Линколн и Рузвелт

Доналд Трамп во Белата куќа закачи слика на која е претставен како многу ослабен и е во друштво на 10 поранешни претседатели на САД од редовите на републиканската партија.

Сликата предизвика сензација која беше приметена во текот на една емисија „60 минути“.

Сликата на Енди Томас наречена „Републикански клуб“, покажува како Трамп се дружи со Роналд Реган, Ричард Никсон, Абрахам Линколн и Теодор Рузвелт.

Иако повеќето претседатели кои се претставени на сликата се починати, во друштво можат да се видат и претседателите Буш, постариот и помладиот.

Сите седат или стојат покрај масата се смешкаат и играат покер. Се приметува дека Трамп го пие својот омилен пијалок кола.

Уметникот сликата му ја подари на Трамп и не знаел дека е изложена во Белата куќа. Според неговите зборови Трамп бил многу задоволен со својот изглед на сликата.

Текстот Доналд Трамп во друштво на Реган, Никсон Линколн и Рузвелт е превземен од Reporter.mk.