Драма при слетувањето на авионот на Бојко Борисов

Бугарскиот авион „Фалкон“, во кој беше премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, едвај слета на аеродромот во Софија. Според првичните информации, при првиот обид за слетување на авионот паднала гумата  на едно од тркалата, така што пилотот морал да направи втор обид за слетување. Потоа морал рачно да го слетува слетува авионот.Во инцидентот нема повредени , а бугарскиот премиер безбедно ги продолжил своите активности.

Текстот Драма при слетувањето на авионот на Бојко Борисов е превземен од Reporter.mk.