Џајковски и Неле Карајлиќ одлични за старт на „Пивофест“ – Викендов забава во САРС и Ван Гог

Годинешниот „Пивофест“ во Скопје, кој почна во четвртокот со одличниот настап на Кирил Џајковски, ќе трае до недела. Организаторите на оваа четиридневна манифестација на љубителите на пивото им нудат одлична музичка програма од домашни и странски изведувачи. На стадионот на АРМ веќе настапија и „Дубиоза колектив“ кои направија журка за паметење, а одличен концерт вчеравечер одржа и фронтменот на групата „Забрањено пушење“ Неле Карајлиќ.

На годинашниот пиво фест, на двете бини поставени на стадионот, ќе настапат над 30 изведувачи, а посетителите ќе можат да пробаат над 60 видови пиво.

Забавата а „Скопје пивофест“ продолжува вечер – прво концерт има Џамбо Агушев, па „Паркети“ и „Чиста околина“, а вечерта ќе заврши со настапот на белградскиот бенд „САРС“. Финалето на музичко-пивскиот фестивал е утревечер, а главни ѕвезди се рок-бендот „Ван Гог“.

„Пиво фест“ е во организација на Град Скопје и „Пасворд продукција“. Влезот е бесплатен.

Фото: Стефан Самандов

Текстот Џајковски и Неле Карајлиќ одлични за старт на „Пивофест“ – Викендов забава во САРС и Ван Гог е превземен од Reporter.mk.