Џамба, човекот кој го претепал Аркан во поправен дом

За животот на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој бил основач и главен командант на Српската доброволна гарда, се пишувало многу. И по 17 години, откако беше убиен на 15 јануари во 2000 година, деталите за неговиот живот предизвикуваат голем интерес.

На фотографијата на социјалните мрежи се наоѓа Исо леро Џамба и Жељко Ражнатовиќ Аркан во Казнено-поправниот дом за малолетници во Ваљево. (на фотографијата тие стојат десно)

Познатата приказна која Жељко ја имал во животот била периодот кој го минал со Џамбо зад решетки. Џамбо го претепал и му оставил белег на лицето. Аркан тоа никогаш не му го заборавил.

Исо Леро ја минал истата школа на бокс како и прочуениот Љуба Земунац. Иако бил висок едвај 170 сантиметри и тежок 70 килограми, тој бил необјасниво силен. Велат дека никој не сакал да се тепа по затворите како тој, а исто така најмногу ќотек добивал од чуварите, затоа што никогаш на ниту еден од нив не сакал да им се покори.

Во странство се дружел и работел со Гишка, а подоцна во Белград станал голем пријател на Кнелетов. Уште се прераскажуваат нивните долгогодишни дружења, кога со своите екипи сите заедно летувале и доминирале во Будва во 92-та година од минатиот век. Џамба бил неприкосновен крал и омилен градски лик. Се дружел со познати актери и пејачи. Пишувал песни, а многу од нив ги отпеал неговиот брат од тетка, прочуениот Џеј.

„Легендите од деведесетите“ објавиле една фотографија на која се крие едно познато лице од белградското милје.

На фотографијата се и Александар Вулиќ и Исо Леро Џамба. Вулиќ го опишувале како непредвидлив и луд тип. Бил идол на прочуениот Малом Марет, кој напаѓал голем број на силни играчи, се додека не бил брутално убиен.

Каков бил Вулиќ од мали нозе, говори и приказната дека неговиот другар уште како деца купувале петарди за Нова година, и додека другите ги палеле и фрлале, Вулиќ цврсто ја држел се додека не му експлодирала во рака. Од тогаш му фалело парче прст.

Поради кражбите, тој уште како малолетник завршил во затвор.

Им бил адвокат на момците од подземјето, а пишувал и песни. Им ги читал на дежурните командири во затвор. Тоа биле љубовни песни, од кои многу ги има отпеано Џеј, неговиот братучед. И двајцата пораснале заедно.

Вулиќ бил во екипата со Младен Џуриќ, за која се зборува до ден денес. Тоа биле силни жестоки момци кои повреено го тепале Кристијан, но и Кнелет и тоа пред Јерковиќ.

Кнеле бил на во војна со Вулиќ и Џуриќ, па дури имало ситуации каде си пукале едни на други, но кога Џамба го замолил својот другар Кнелет да ги закопаат секирите, поради тоа што тие почнуваат да работат за него, Кнеле ветил дека нема да ги допре, само да не му излегуваат пред очи и да не го провоцираат.

Интересно е дека во предизборната кампања во 1993 година, претседателот на СРС Војислав Шешељ, тврдел дека има несоборливи докази дека Аркан го организирал убиството на Исе Лере. Шешељ дури и јавно проговорил дека има сведоци, очевидци на убиството на Џамба.

По изборите, претседателот на радикалите како да заборавил на сите докази. ССЈ на Аркан, подигнала тужба против Шешељ, но и тоа набрзо било заборавено.

Месец дена по исчезнувањето на Џамба, убиен е и Александар Кнежевиќ. На денот на погребот на Кнеле, Џеј имал концерт и пред 35.000 луѓе рекол дека следната песна која ќе ја напише неговиот брат Џамба, ќе му ја посвети на пријателот Кнеле.

Тоа кобно утро на 23 септември 1992 година, Исо стигнал во коцкарницата на шестиот кат „Белграѓанка“, која тогаш ја обезбедувала агенцијата „Делии“, а чиј сопственик бил Аркан. Веќе на излезот од лифтот, Џамба наводно се пресметал со вратарите. Не сакал да плати влезница, а по кратката пресметка, плукнал на сликата на командантот на Српската доброволна гарда.

 

 

Текстот Џамба, човекот кој го претепал Аркан во поправен дом е превземен од Reporter.mk.