Џеф Безос со 10 милијарди долари ќе ја спасува Земјата

Најбогатиот човек на светот Џеф Безос, вети дека ќе вложи 10 милијарди долари во борбата против климатските промени. Безос чие богатство е проценето на 130 милијарди долари, ќе ја основа компанијата Bezos ert fand, преку која ќе финансира научници, активисти и непрофитни организации кои ќе имаат за задача да ја зашитат планетата.

„Сакам да соработувам со други познати лица и да ја проширам листата на луѓе, да истражувам нови начини во борбата против разорните последици од климатските промени“, порачал Безос.

Основачот на „Амазон“, одлуката за вложување во борба против климатските промени, ја објавил на „Инстаграм“. На социјалните мрежи тој предизвика голем број пофални коментари, но имало и такви кои сметаат дека можел да вложи и повеќе. Критичарите го потсетиле дека претходно ветил 7,7% од своето богатство за ваквата мисија.

„Тоа е околу 7,7 долари за некој кој заработува по сто долари месечно“, му порачале фановите на социјалните мрежи.

Компанијата чие седиште се наоѓа во Сиетл, вети минатата година дека до 2030 година, ќе има нулта емитување на јаглерод диоксид, благодарение на преминот на соларни панели и други извори на обновлива енергија. Во септември минатата година, самиот Безос вети дека до 2040 година, „Амазон“ ќе нарача 100.000 електрични камиони за испорака на пакетите.

„Климатските промени се најголемата закана за нашата планета. Со оваа глобална иницијатива ќе финансираме научници, активисти, непрофитни и невладини организации, кои ќе понудат релано можни решенија за зачувување и заштита на природата. Можеме на овој начин да ја спасиме Земјата. Потребна е колективна акција на големи и мали компании, држави, глобални организации и поединци. Ќе издвојам 10 милијарди долари и ова лето ќе почнам да издавам гаранции. Земјата е единствената работа која сите ние ја делиме, ајде да ја зачуваме заедно“, додал Безос.

Минатата година повеќе од 8000 вработени во „Амазон“ потпишале отворено писмо во кое од челниците на компанијата побарале да направат повеќе во борбата против климатските промени. Вработените го критикувале врвот на компанијата поради соработка со големите нафтени компании, кои се и најголеми загадувачи. Тие во писмото објавиле три барања. Прво, компанијата да се обврзе дека ќе престане да испушта јаглен диоксид во атмосферата до 2030 година. Второто, компанијата да престане да дава услуги на нафтените и гасни компании. Трето компанијата да престане да финансира политичари и организации кои не го признаваат постоењето на климатските промени.

„Амазон“ како една од најголемите компании за продажба преку интернет е одговорна за ослободување на милион тони јаглен диоксид во атмосферата, преку авионите, камионите и комбињата, кои пренесуваат милијарди производи ширум светот. Истовремено „Амазон“ допринесува за загадувањето поради создавањето на милиони тони отпад од амбалажите во кои се пакувани производите кои ги испорачува.

 

Британски „Гардијан“ неодамна ја објави листата на топ 20 најголеми светски загадувачи од 1965 година. На листата главно се наоѓаат нафтени и гасни компании кои во атмосферата испуштаат 480 милијарди тони јаглен диоксид.

Во листата на топ пет компании како најголеми загадувачи се наоѓаат, 1. Saudi armako 59,26 2. Ševron 43,35 3. Gasprom 43,23 4. Ekson mobajl 41,90 5. Nešenel iranijan oil 35,66

Текстот Џеф Безос со 10 милијарди долари ќе ја спасува Земјата е превземен од Reporter.mk.