Џејмс Бонд доби музеј на Алпите

На австриските Алпи е отворен мултимедијален музеј посветен на тајниот агент Џејмс Бонд, „007 елементи“. Во музејот може да се види како се снимале повеќето филмови за британскиот агент. Последниот филм, „Спектра“ од 2015 година, беше снимен на локации во светски познатиот скијачки центар Зелден во покраината Тирол. Откако се сними филмот, местото оддалечено еден час од Инсбрук стана често собиралиште за фановите на Бонд.

Новиот музеј за Џејмс Бонд, кој се наоѓа на 3.050 метри надморска височина. Гостите ќе се возат со жичницата што ја направи техничарот од филмот, Бен Вишо, а ќе може да го посетат и футуристичкиот лускузен ресторан на врвот на планината Гајзлахкогел, кој режисерот Сем Мендес го искористи како клиниката „Хофлер“ во филмот.

Во внатрешноста се изложени плакати, фотографии, драматични музички парчиња, извадоци од неверојатни акциони сцени, како и гаџети и возила. Мултимедијалната инсталација беше креирана со помош на Нил Келоу, сценографот на „Казино ројал“, „Трошка надеж“, „Скајфол“ и „Спектра“.

„Целта на ‘007 Елементи’ е да ја раскаже приказната за изработката на филмовите за 007 преку ултрамодерно и емотивно патување, користејќи ја неверојатната локација за да ги доближи гостите до Бонд“, стои на веб-сајтот на музејот.