„Џенезис“ одат на турнеја по 13 години пауза

Британски рок бенд „Џенезис“ објави дека повторно ќе свират заедно и дека ќе одат на прва турнеја по 13 години пауза.

Членовите на легендарниот бенд, Мајк Радерфорд, Тони Бенкс и Фил Колинс, ќе ги поридружува и синот на Фил, Ник, кој ќе свири на тапани наместо неговиот татко.

Кога сака, Ник може да биде добар исто колку мене. Како негов татко, јас сум едно од неговите влијанија“, изјави Колинс, кој се откажа од свирењето тапани заради оштетување на нервите.

Турнејата на „Џенезис“ ќе почне во ноември и засега се предвидени концерти само во Велика Британија и Ирска.

Во „Џенезис“ Фил Колинс почна како тапанар, а потоа го замени Питер Габриел и како пејач на групата. Бендот постоеше од 1967 до 2000 година, и потоа се собраа за светска турнеја по повод 40-годишнината од формирањето на групата.

Текстот „Џенезис“ одат на турнеја по 13 години пауза е превземен од Reporter.mk.