Џузепе Меаца, фудбалерот кој на мечевите доаѓал директно од бордел

Поранешниот играч на Милан, Џуезепе Меаца, ќе остане запаметен како еден од најдобрите напаѓачи во светот, во периодот меѓу двете Светски војни. Џузепе бил уметник во дриблањето. Најголемо задоволство му било да го издрибла голманот, а потоа со топката да влезе во голот.

Поради сето тоа што го направил за фудбалот, градскиот стадион во Милано во 1979 го добил неговото име. На фудбалската сцена се појавил на 17. годишна возраст во дресот на Интер. Два пати станал шампион на Италија (1930, 1938 година), а еднаш победник на Купот на Италија во 1939 година.

Поради слабата циркулација на крвта во нозете, една сезона паузирал во 1940 година. Се враќа и игра за Милан во 1941 и 1942 година. Кариерата ја продолжува во Јувентус во 1942 година и 1943 година. До крајот на војната игра неофицијални натпревари за Варезе. Во сезоната во 1946 година го облекува дресот на Аталанта од Бергамо.

Кога на фудбалскиот клуб Интер му се заканува испаѓање од Првата лига, тој станува тренер-играч за „Нераѕурите“. Одиграл 17 мечеви, постигнал два гола и го спасува Интер од испаѓање во пониската лига.

Три пати бил голгетер во италијанското првенство, во 1930 година, 1936 година и 1938 година. Во репрезентацијата на Италија дебитирал во 1930 година, на мечевите против репрезентацијата на Швајцарија 4:2, каде бил стрелец на два гола, а се простил од фудбалот во 1930 година на мечот против Финска (3:2).

Вкупно за италијанската репрезентација има одиграно  53 натпревари и постигнал 33 погодоци. Учествувал на двете Светски првенства во 1934 година и 1938 година, на кои Италија два пати станала светски шампион. Во еден момент во 1952 година и 1953 година бил помошник селектор на Карлино Берет, но по само две победи и осум натпревари и двајцата се сменети.

Неговата мајка му ги криела чевлите, за да не може да го губи времето на ливадите

Мајката на Џузепе Меаца, го терала својот син да работи во семејната месара. За да го спречи да игра фудбал по ливадите, таа му ги криела чевлите. Сметала дека со фудбалот, Џузепе го губел своето време. Сепак тоа не го спречило Џузепе. Популарниот Пепино во уличната екипа од детството „Маестри Кампионези“, научил да игра бос.

Кога наполнил 12. години, неговата мајка му дозволила да тренира во клубот „Глорија“, каде еден навива потоа му ги купил првите вистински копачки.

Предизвикување на голманите

Заштитниот знак на Џузепе Меаца бил да ја земе топката од средината на теренот, да ја изигра целата противничка одбрана и да дојде ву дуел сам против голманот. Потоа како матадор да го предизвика. Џузепе го лажира шутот, потоа го издриблува и на крајот полека ја сместува топката во празната мрежа.

Во Италија „гол ала Меаца“ и „Финте ала Меаца“ е вообичаената фраза за погодок до кој се доаѓа по серија на дриблинзи, а се користи изразот „ад инвито“ за предизвикување на голманот.

Интезивен сексуален живот

Говорејќи за еден од најдобрите фудбалери на минатиот век, оние кои добро го познавале Џузепе Меаца, веат дека неретко морале да го собираат од италијанските бордели и директно да го донесат на натпреварите.

„Меаца беше голем, непобедлив, дури и кога повремено ќе влезеше во страшна криза, која беше предизвикана од интезивниот сексуален живот и страст кон фудбалот. Кога на теренот ќе ја земеше толката, работите кои ги правеше на теренот предизвикаа силни реакции кај публиката“, вели Пепино Приско, поранешниот потпретседател на италијанскиот фудбалски клуб Интер.

Текстот Џузепе Меаца, фудбалерот кој на мечевите доаѓал директно од бордел е превземен од Reporter.mk.