Егзит ќе се одржи и покрај пандемијата

Најголемиот музички фестивал на балканот, Егзит, оваа година ќе прослави 20 јубилеј, а организаторите велат дека и покрај пандемијата тој нема да се откаже. Наместо во јуни, тој ќе се одржи од 13 до 16 август годинава.

Тимот на Егзит најавува дека целиот настан ќе се организира во блиска соработка со Националниот кризен штаб на Србија, а како една од мерките ќе биде и намалување на капацитетот на фестивалот на половина од вообичаените 55.000 посетители дневно. Исто така, ќе бидат затворени и рововите во кои се сместени околу 40 бини и зони.

Повторната продажбата на влезниците почнува на 1 јуни, а повеќе детали за фестивалот и можноста за рефундација и програмата ќе бидат објавени наскоро.

Текстот Егзит ќе се одржи и покрај пандемијата е превземен од Reporter.mk.