Ердоган ја гради најголемата џамија во Европа

Одговорните архитекти за изградбата на најголемата џамија на Балканот, која се гради во Тирана, велат дека проектот се одвива и напредува многу брзо. Се очекува џамијата биде завршена до крајот на годината.

Големата џамија во Тирана претендира да биде голем верски центар кој може да прими повеќе од 5 000 луѓе. Во неа ќе има библиотеки, културен центар и сала за конференции. Покрај Куранот, ќе може да се научи и турскиот јазик.

По падот на комунизмот во Албанија, во 1991 година албанските муслимани често се жалеле дека се дискриминирани и дека мораат да се молат на улица. Во 1992 година тогашниот претседател Сали Бериша го поставил камен-темелникот на џамијата во близина на парламентот.

Меѓутоа, изградбата подоцна била одложена од претседателот на парламентот, кој бил католик. Одлуката за изградба повторно ја донесе Еди Рама во 2010 година, кога бил градоначалник на Тирана.

Џамијата има четири минариња (кули околу џамијата) високи 50 метри, додека централната купола ќе биде висока 30 метри. Турскиот претседател присуствувал на свеченото поставување на камен-темелникот на џамијата во Тирана во 2015 година, кога изјавил дека станува збор за единствениот симбол на братство на двете нации.

 

View this post on Instagram

 

#cologne Central Mosque.

A post shared by Haider Surya Sahle (@wakmokder) on

Џамијата може се наоѓа во Албанија, но архитектонски многу наликува на онаа во Истанбул. Турција на Косово во изминатите неколку години финансирала обнова на повеќе од десетици верски објекти од османскиот период и изградба на повеќе од 20 џамии.

Текстот Ердоган ја гради најголемата џамија во Европа е превземен од Reporter.mk.