Фамилијарна забава со најдобрите македонски диџеи

Во сабота во арената „А1“ ќе се одржи голема ретро-забава со најпознатите македонски диџеи Вера Јанковиќ, Драган Б. Костиќ и диџеј Ерик Фокс, а ќе се појави и диџеј Шојка од МЏ Радио. Забавата почнува во 21 часот.

„Сите сме фамилија, но некако како да се одродивме во последно време. Затоа јас в сабота ги канам сите што се чувствуваат младо, но ги паметат времињата кога имаше многу повеќе забава, насмевки и среќни лица, да дојдат во арената на ретро-забавата. Ова ќе биде уште една шанса за убава дружба, со мала доза на носталгија“, вели Милорад Цаиќ-Цајо, кој е организатор на журката.

 

Текстот Фамилијарна забава со најдобрите македонски диџеи е превземен од Reporter.mk.