Фејсбук и Инстаграм паднаа втор пат за еден месец  

Милиони корисници денеска не можат да им пристапат на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и на апликацијата Вотсап, сите во сопственост на компанијата „Фејсбук“. И ова е втор голем пад во рок од еден месец.

“Даундетектор“, интернет страница која ја следи достапноста на Фејсбук, објави дека станува збор за глобален проблем, бидејќи пријави се пристигнати не само од цела Европа, туку и од Америка и Азија.

Фејсбук и Инстаграм воопшто не можат да се отворат, додека пораките на Вотсап ниту се примаат, ниту се испраќаат. Не работи ни месинџер.

Пред само еден месец, „Фејсбук“ се соочи со најголемиот прекин во работата на своите мрежи досега, но тврдеше дека не станува збор за хакерски напад.

Текстот Фејсбук и Инстаграм паднаа втор пат за еден месец   е превземен од Reporter.mk.