Филмот “Психо“ слави 60 години, култната сцена била снимана седум дена

На  16 јуни 1960 на премиерата на „Психо“ во Њујорк, публиката занемела, а повеќе никој не се туширал исто како и претхосно.  Рекламната кампања која лично ја смислил Хичкок, го позиционира филмот како најмрачниот хорор на сите времиња, што и 60 години подоцна се покажува како апсолутен погодок.

Критичарите биле поделени во мислењата, но публиката и одѕивот за филмот биле одлични, а истиот добил 4 номинации за Оскар. Психо никогаш не ги добил наградите, а неговиот манијакален лик Норман Батес и денеска е на второ место за најефективни филмски лоши ликови, веднаш зад Ханибал Лектор.

Приказната на „Психо“ е адаптација на романот Роберт Блок, а истата се врти околу судбината на Марион Крејн, секретарка која, откако ќе укради 40.000 долари, бега возејќи во ноќта со љубовникот. Додека надвор има невреме, таа стигнува во мотелот кој го води Норман Батес, под влијание на мајката.

Следува нејзиното, според многумина најморничаво убиство под туш во бањата, со многу крв на белите плочки во бањата. Нејзиното убиство е клучен момент во филмот и е еден од најпознатите филмски сцени воопшто. Трае три минути, во неа се вклучени дури 50 катс, а снимано е од 77 различни агли од 17 до 23 декември 1959 година. Комбинацијата од крупни кадри и нивните кратки траења ја прават сцената субјективна, а техниката Хичкок ја опишал како „премин на опасноста од екраните до мозокот на гледачот“. Митот кој често може да се прочита, а се однесува на таа сцена, е тоа дека Хичкок користел ледено ладна вода, за врисокот да звучи пореалистично. Актерката тоа го негирала, истакнувајќи дека тој бил великодушен со топлата вода.

Тогаш многу познатата Џенет Ли немала приговори за краткоста на својот лик, а била номинирана за Оскар и тоа за прв и последен пат во својата кариера.

Психо е првиот холивудски филм во кој е прикажана тоалетна школка што ја покажува и состојбата на репресијата на Америка во крајот на 50. години, а брилијантниот мозок на режисерот ги спојува паранојата, воајеризмот, насилството и влијанието на родителите, па филмот станува прв од жанрот психолошки трилер.

Текстот Филмот “Психо“ слави 60 години, култната сцена била снимана седум дена е превземен од Reporter.mk.