(Фото) Американка го проголтала вереничкиот прстен додека спиела

Американката Џена Еванс од Сан Диего, додека спиела го проголтала својот свршенички прстен од 2,4 карати. Таа сонувала дека со нејзиниот вереник Боби биле нападнати во воз.

Во сонот вереникот ја натерал Џена да го проголта прстенот за да го сокрие од групата криминалци. Кога утрото Џена се разбудила, сватила дека прстенот не е на нејзината рака и дека додека спиела таа навистина го проголтала.

Џена му ја објаснила ситуацијата на Боби, а потоа се уаптиле во болница. Лекарите се одлучиле веднаш да интервенираат. Во спротивно прстенот можел да ѝ наштети на здравјето на Џена.

По извршената операција, прстенот успешно бил изваден, а лекарите му го дале на Боби, за тој да го чува. Џена ветила дека во иднина ќе внимава и дека ќе посети специјалист за спиење.

Текстот (Фото) Американка го проголтала вереничкиот прстен додека спиела е превземен од Reporter.mk.