(Фото) Австрискиот претседател со метро патува на работа

Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, секој ден на работа патува со метро. Еден од патниците го сликал додека разлистувал документи.

Белен патувал без обезбедување или телохранители, кои би се грижеле за неговата безбедност, пишуваат австриските медиуми. Австрискиот претседател е познат по тоа што сака да се дружи и разговара со луѓето. За време на превозот, имал време и да поразговара со некои од патниците и да ги слушне нивните проблеми и барања.

Ова не е првпат Белен да користи градски превоз за да патува низ Виена. Во јануари исто така бил виден како се вози во метро, а фотографијата за кратко време се рашири низ социјалните мрежи.

Текстот (Фото) Австрискиот претседател со метро патува на работа е превземен од Reporter.mk.