(Фото) Баба од Сибир била отсечена од светот 80 години

Агафа Лукова и нејзиното семејство никогаш не слушнале за Втората светска војна. Во 1936 година, тие побегнале во сибирските шуми и таму живееле отсечени околу 100 километри од најблиската населба.

Живееле во снег и температури кои се спуштале некогаш и по 40 степени под нулата. Сите во нејзиното семејство, освен неа починале, а таа само еднаш била принудена да го посети најблискиот град. На 71 годишна возраст била принудена да отиде во болница поради силните болки во ногата.

Сега кога повторно се сретнува со цивилизацијата со себе понела само свежа изворска вода која извирала во близина на нејзината колиба. Првиот пат кога била во болница се разболела од градската вода.

Во првите 35 години од животот не видела друго човечко суштество, освен нејзиното семејство. До 1978 година биле целосно непознати за никого на светот, се додека случајно на нив не наишле геолози, кои во извештајот за нејзиното семејство напушале дека говорат некој чуден јазик. Нејзиниот дом се наоѓа на планинскиот ланец Абакан, во југозападен Сибир.

Се до нивното откривање, тие живееле без метални предмети, керамички или глинени лонци и прибор за јадење. Јаделе само тоа што ќе го нашле по снегот во шумата и самите што ќе го уловеле. Еднаш со семејството била толку гладна, што во очај почнала да ги јаде сопствените чевли.

Сега кога има модерни придобивки од цивилизацијата, како што е солта, ножевите и вилушките, заедница која се грижи да и биде пријатно, таа може да има нормален живот.

Владимир Макут, главниот и одговорен во областа Таштагол вели дека важно е сега таа да е здрава и сита и да се погрижат да ја преживее и следната зима.

Текстот (Фото) Баба од Сибир била отсечена од светот 80 години е превземен од Reporter.mk.