(Фото) Билет од првиот натпревар на Џордан во НБА се продаде за 25.000 долари

Билет од првиот натпревар на Мајкл Џордан во НБА лигата со Чикаго Булс од 1984 година се продаде за речиси 25.000 долари. Ова покажа дека популарноста на Џордан дополнително се зголеми со документарниот филм „Последниот танц“.

На аукцијата преку „Хагинс & Скот“ имаше 62 заинтересирани и крајната сума беше 24.907,50 долари. Билетот, кој е еден од само 11 оценети сочувани билети, беше од првиот меч на Булси од сезоната, на 26 октомври 1984 година. Во овој натпревар Џордан имаше 16 поени, 6 скока, 7 асистенции, 2 украдени топки и 4 блокади, а Булси победија со 109:93 пред 13.913 фанови.

Но, ова не е најголемата сума за ваков билет – во август 2018 еден билет беше продаден за рекордни 33.600 долари, а лани друг билет се продаде 28.800 долари.

Инаку, неодамна, еден пар на „Џордан 1“ патики со автограм од НБА легендата беа продадени за 560.000 долари.

(Фото) Првите „џорданки“ продадени за половина милион долари

Текстот (Фото) Билет од првиот натпревар на Џордан во НБА се продаде за 25.000 долари е превземен од Reporter.mk.