(Фото) Медицинските сестри кои беа исто време трудни се породија и се сликаа со бебињата

Девет медицински сестри кои работат заедно и беа истовремено бремени, се породија и снимија фотосесија со своите бебиња. Колешките од Портланд, кои уште повеќе ги обедини мајчинството, позираа насмеани со своите деца.
„Ми беше задоволство да ја фотографирам оваа група и да ја видам специјалната врска која ја имаат“ – изјавила фотографката која ги фотографирала.

„Секојдневно се проверуваме една со друга, дури и ако е 3 часот наутро“ – вели една од новите мајки.

Среќните мајки работат во одделот за неонатологија во медицински центар во Мејн.

 

Текстот (Фото) Медицинските сестри кои беа исто време трудни се породија и се сликаа со бебињата е превземен од Reporter.mk.