(Фото) Новинарка со гол задник понижи француски книжевник

Францускот писател Жан Моакс (50) наиде на сериозни критики од јавноста откако неодамна изјавил дека не може да се заљуби во жена која има 50 или повеќе години иако и самиот тој влегол во шестата деценија од животот, пишува Би-би-си.

Книжевникот изјавил дека постарите жени му се тотално непривлечни.

„Да не претеруваме. Тоа е невозможно! Премногу, премногу се стари. Повеќе сакам помлади жени и тоа е сè. Телото на 25-годишна жена е извонредно, додека телото на жена од 50 години воопшто не е привлечно“, изјавил Жан за списанието „Мари Клер“.

Моакс навел дека сакал да излегува со азиски жени, особено со Корејки, Кинезинки и Јапонки. Ваквите негови наводи предизвикаа голема реакција кај жените на социјалните мрежи.

Француската новинарка и режисерка Колома Шнек (52) објави фотографија од својот гол задник на Инстаграм и го исмеа Жан.

„Еве, заник на жена која има 52 години. Каков идиот си ти. Не знаеш што пропушташ“, напишала Шнек под фотографијата.

Комичарката Марина Соа, која наскоро ќе наполни 49 години, исто така се пошегувала на негова сметка.

„Имам уште година и 14 дена фора да спијам со Жан . Ќе даде Господ ќе се случи“, напишала Марина.

Францускиот книжевник во истото интервју додал дека тоа што му се допаѓаат помладите жени, го смета за проклетство, затоа што педесетгодишните жени воопшто не ги забележува.

„Сигурно жените во педесеттите години имаат попаметна работа одошто да бидат со невротичен писател, кој само чита и пишува по цели денови. Не е лесно да се биде со мене“, заклучил Жан.

Текстот (Фото) Новинарка со гол задник понижи француски книжевник е превземен од Reporter.mk.