Аргентинскиот глумец Бенхамин Рохас, кој се прослави со улогата на Пабло во серијата „Млади бунтовници“, сподели слика со тримесечната ќерка Рита. Од своите фанови 33-годишниот глумец доби комплименти дека девојчето е негова копија.
„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа… Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божиќ и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите“, напиша Рохас на почетокот на јануари, кога откри јавно дека станал татко.
Неговата сопруга Мартина Санчез се породи пред Нова година, а глумецот претходно не зборуваше јавно за нејзината бременост.
Текстот (Фото) Пабло од „Млади бунтовници“ ја покажа ќерката е превземен од Reporter.mk.