(Фото) Пабло од „Млади бунтовници“ ја покажа ќерката

Аргентинскиот глумец Бенхамин Рохас, кој се прослави со улогата на Пабло во серијата „Млади бунтовници“, сподели слика со тримесечната ќерка Рита. Од своите фанови 33-годишниот глумец доби комплименти дека девојчето е негова копија.

„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа… Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божиќ и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите“, напиша Рохас на почетокот на јануари, кога откри јавно дека станал татко.

Неговата сопруга Мартина Санчез се породи пред Нова година, а глумецот претходно не зборуваше јавно за нејзината бременост.

Текстот (Фото) Пабло од „Млади бунтовници“ ја покажа ќерката е превземен од Reporter.mk.