(Фото) Претседателот на Португалија сам пазари во супермаркет

Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соза, ја воодушеви јавноста откако на „Твитер“ се појави негова фотографија на која чека ред пред каса во супермаркет. На сликата тој е во шорцеви и со маска на лицето, а држи и дистанца, како што пропишуваат мерките за заштита од короната.

Фотографијата е направена во Касиас, во близина на Лисабон. Откако беше објавена на „Твитер“ ја презедоа голем број светски медиуми.

Во Португалија, пак, пишуваат дека претстедателот бил сам, без својот тим за обезбедување и дека не добил некакви привилегии од вработените во супермаркетот.

Де Соза стана претседател во март 2016 година без подршка на ниту една партија, а како резултат на неговата претходна работа и големата популарност во земјата.

Текстот (Фото) Претседателот на Португалија сам пазари во супермаркет е превземен од Reporter.mk.