(Фото) Руски инфлуенсер уапсен во Египет заради селфи

Американско-рускиот инфлуенсер Виталиј Здоровецки заврши во затвор во Египет откако се качи на врвот на египетската пирамида за да направи селфи. Здоровецки на Инстаграм објави фотографија на која се гледа како нозете му висат на пирамида во Гиза. Полицијата го уапсила и во затвор останал пет ден. Откако го пуштиле, рекол дека тоа биле најлошите пет дена во неговиот живот, но дека не жали за ништо.

„Зборови не можат да опишат низ што поминав во последниве пет дена. Ми се допадна во Египет бидејќи се качив на пирамида во Гиза. Многупати сум бил во затвор, но ова беше најлошо. Видов ужасни работи кои не му ги посакувам на никого. Дали вредеше? Да. Го направив тоа со добра причина и наскоро ќе го објавам видеото“, напишал 27 годишниот Виталиј.

Тој објавил и фотографии на кои се гледа како се качува на пирамидата, што е забрането од ноември минатата година. Сите оние кои ќе бидат фатени како се качуваат на пирамидите без дозвола се соочуваат со месец дена во затвор или да платат казна.

Текстот (Фото) Руски инфлуенсер уапсен во Египет заради селфи е превземен од Reporter.mk.