(Фото) Секси полицајка ја одбра униформата пред бикините

Адриен Колежар, една од најпосакуваните германски полицајки, им одговорила на своите шефови дека повеќе нема да објавува разголени фотографии на социјалните мрежи и дека сака да го задржи работното место во полицијата.

Триесет и четиригодишната девојка во декември добила ултиматум од нејзините шефови во Дресден, кои ѝ дале шестнеделен платен одмор. За тоа време таа требало да одлучи дали сака кариера на полицаец или модел.

„Се враќам на работа. Се радувам на тоа, иако знам дека јануари ќе биде тежок месец за мене. Не смеам да се откажам. И понатаму ќе бидам присутна на Инстаграм и другите социјални мрежи. Се разбира не до таа мера како во претходните шест месеци. Но нема да се откажам“, навела Колежар на видеоснимка објавена на „Јутјуб“.

Згодната полицајка до неодамна беше позната во јавноста по нејзиното убаво оформено тело и споделувањето на безобразни фотографии во опрема за вежбалница или секси бикини.

На полицајка ѝ се закануваат со отказ поради објавени секси фотографии

Текстот (Фото) Секси полицајка ја одбра униформата пред бикините е превземен од Reporter.mk.