(Фото) Шампионскиот прстен на Коби Брајант продаден за 200.000 долари

Еден од двата дијамантски прстена што Коби Брајант им ги дал на своите родители, е продаден на аукција за 200.000 долари. Легендарниот кошаркар на Лејкерси во 2000 година доби два идентични прстена, реплики на шампионскиот прстен од таа сезона, а им ги подари на своите родители.

Неговата мајка Памела го продаде својот прстен во 2013 година, а тој неодамна повторно се најде на аукција и беше продаден за 200.000 долари. Почетната цена била 15.000 долари.

Заедно со прстенот беше даден и документ дека истиот е автентичен, а го потпиша неговата мајка за време на првата продажба.

Се очекува наскоро уште еден прстен на Коби да биде ставен на аукција.

 

Текстот (Фото) Шампионскиот прстен на Коби Брајант продаден за 200.000 долари е превземен од Reporter.mk.