(Галерија) Фернандо Колунга згоден на 53 години

Популарниот глумец Фернандо Колунга изгледа одлично на 53 години. Згоден и секси, како времето да застанало за него, пишуваат мексиканските медиуми. Тој и денес е еден од омилените глумци од латиноамериканските серии. И иако теленовелите одамна не се прикажуваат кај нас, публиката се уште се сеќава на Хозе Армандо од „Есмералда“, но и по улогите во многу други серии.

Неговата продуцентска куќа „Телевиса“, со чии серии Колунга стекна светска слава, пред повеќе од една година го прекинала ексклузивниот договор со него, затоа што, навидно, одбил да игра споредна улога во хумористична серија.

„Фернандо не беше расположен да глуми во серија во која ќе има мала, наместо главна улога. Се искара со неколку продуценти, а тие ги убедија шефовите на ‘Телевиса’ да му го прекинат договорот со кој заработуваше по 115 милиони долари месечно“, рекол извор близок до продуцентската куќа за медиумите пред една година.

Фернандо, пак, веќе не сака да снима серии, туку филмови и да проба да изгради поинаква кариера. Во моментов може да си дозволи и да не работи, затоа што, наводно, досега заработил преку 18 милиони долари. Мексиканскиот глумец во текот на целата кариера немал скоро ниту еден скандал. Иако неколкупати изјавил дека сака да има семејство, и бил во врска со познати глумици и манекенки, никогаш не се оженил, а и во моментов е сингл.

 

Текстот (Галерија) Фернандо Колунга згоден на 53 години е превземен од Reporter.mk.