Откриениот женски грб ги мами сите погледи и заведува со нотата на храброст и уметност во исто време. Без разлика дали се работи за некоја свечена прилика или лежерно летно (секојдневно) издание, акцентот на овој дел од телото може да биде вистинско освежување. Во ерата кога женските атрубути се пренагласени и разоткриени преку сите дозволени граници, да се биде одмерена и заводлива во исто време е вистинска уметност.
Во продолжение, разгледајте ги предлозите како да го носите фустанот со отворен грб во секоја прилика.
Секако, како и кај сите останати комбинации и овде треба да водите сметка за тоа како ги комбинирате нагласените елементи. Исто така, изборот на градник треба да го прилагодите на кројот, иако некои парчиња го подразбираат нивното отсуство.
Кога станува збор за елегенацијата и свечените пригоди, фустанот со А крој кој е со пристојна должина (до коленици или под нив), затворен напред, а има длабок В-израз на грбот е идеалниот кандидат! Со високите потпетици, кои го држат грбот исправено, ќе се чувствувате како принцеза. Ваквите фустани се најчесто направени од цврсти материјали, па таа лежерност нема да ви биде скратена дури и доколку не носите градник.
Уште еден фустан за свечени пригоди и тоа специјално за дамите кои поседуваат витка и затегната фигура. Тесниот фустан до коленици со отворен дел во пределот на плешките и вертикалниот израз на долниот дел од грбот, без сомнеж, ќе ги остави без здив сите присутни и дополнително ќе го истакне вашиот стас. Кај овој крој, избегнувањето градник не е неопходно.
Долгиот фустан со отворен грб е идеален избор за сите пригоди, без разлика дали се работи за некоја свеченост или за некој лежерен, опуштен стајлинг за на плажа.
Овој модел на фустан, исто така, може да биде избор за секоја пригода. Долгите ракави и затворенот преден дел дозволуваат потенцирање на грбот. Со штиклите и прикладнот накит ќе изгледате елегантно и романтично. Но исто исто така, може да биде идеален избор за на факултет или некаков деловен состанок.
Текстот (Галерија) Фустан со гол грб за да изгледате неодоливо е превземен од Reporter.mk.