(Галерија) Ја запроси девојка му додека сурфаа заедно

Крис ја запросил девојка му Лорен додека заедно сурфаа покрај плажата Ваикики на Хаваи. Додека Лорен сурфала во океанот во Хонолулу, покрај неа се појавило нејзиното момче со прстен во раката.

„Бев збунета. Наместо да го видам како сурфа, тој клекна на едно колено и држеше нешто во раката. Ми требаа неколку моменти да сватам за што станува збор“, изјавила Лорен.

Таа вели дека пред да се согласи, венчалниот прстен завршил во океанот. Крис подоцна објаснил дека станува збор за дупликат и дека вистинскиот прстен го чувал на брегот.

„За секој случај си понесов дупликат, затоа што знаев дека вакво нешто можеше да се случи. Брановите беа големи и беше многу нестабилно на даската“, вели Крис.

Собраните луѓе на плажата го снимија овој момент и му аплаудираа на Крис за смислената идеја и храброст.

 

Текстот (Галерија) Ја запроси девојка му додека сурфаа заедно е превземен од Reporter.mk.