(Галерија) Норилск е најзагадениот и најдепресивен град во Русија

Рускиот град Норилск се семта за еден од најзагадените и најдепресивни градови во земјата. Жителите не можат да го видат сонцето сè до средината на јануари. Во овој град живеат околу 175.000 луѓе. Малку градови се така мрачни и студени како што е Норилск. Станува збор за еден од најстудените градови во светот.

Жителите зимите ги минуваат и на 55 степени под нулата. Студениот период трае 280 дена во годината, а силните бури го погодуваат градот во просек од 130 дена. Нема патишта кои водат до градот. На ова место можете да стигнете исклучиво само со авион, брод или чамец.

За среќа, жителите велат дека слетувањето во Норилск не е така опасно како што делува. Во времето на Сталин, до градот постоел пат познат како „пат на смртта“. Додека траат бурите, автобусите често се расипуваат, а резервните возила се подготвени за да можат граѓаните да се евакуираат на време без страв дека ќе смрзнат на патиштата.

Осум до девет месеци во годината, градот е покриен со снег, а „синдромот поларна ноќ“, односно мрак, кој трае два месеци, е причина за честа анксиозност, нервоза, несоница и депресија.

Норилск е сместен над Арктичкиот круг и претставува дом на најголемата светска топилница на железо, која успушта толку загаден материјал во воздухот во круг од 30 километри, што на ова место не може да израсне ниту трева. Градот лежи на едно од најголемите наоѓалишта на платина, паладијум и никел, поради што се смета за еден од најбогатите градови во Русија.

Некогаш тука работеле затвореници, а денес вработените се одлично платени за оваа работа. Затоа што работата на рударите е тешка, на вработените им е даден на располагање одмор од 90 дена, а во пензија одат на 45 години. Контаминацијата на тешки метали е утврдена на 60 километри оддалеченост од местото.

Но, без разлика на загаденоста, студеноста и депресијата, која е прилично тешка, Норсилк има голем театар, бројни кафичи, галерии и бројни места во кои житеите бараат засолниште од мракот и зимата. Кога температурите ќе се зголемат, секој има можност да излезе од куќата, а крајот на вечниот мрак, кој почнува во јануари, го слават со капење во езерото.

 

 

 

Текстот (Галерија) Норилск е најзагадениот и најдепресивен град во Русија е превземен од Reporter.mk.