(Галерија) Папата сам на молитва пред празниот плоштад Свети Петар во Ватикан

Сликите од празниот плоштад Свети Петар во Ватикан додека папата Франциск сам држи молитва, вчера го обиколија светот. Ова е првпат во историјата некој папа да држи молитва без верниците.

Вчерашната молитва на папата Франциск беше плантарна молитва против пандемијата на коронавирус. Папата, сам од тремот на базиликата, го повика целиот свет да му се придружи во оваа молитва, по што даде благослов „Урби ет орби“ (Urbi et Orbi), како што се дава на Велигден и Божик.

Текстот (Галерија) Папата сам на молитва пред празниот плоштад Свети Петар во Ватикан е превземен од Reporter.mk.