(Галерија) Путин ѝ подари букет цвеќе на Бриџит Макрон

Претседателот на Франција Владимир Путин, за време на неговата посета во Франција, се сретна со неговиот колега Емануел Макрон и неговата сопруга Бриџит. За време на нивната средба Путин ѝ подари букет цвеќе на Бриџит.

Првата дама на Франција пред да се поздрави со рускиот лидер, го тргнала завојот од повредената рака, пренесуваат медиумите. Путин беше во посета на тврдината Брегансон, каде се наоѓа летната резиденција на францускиот лидер.

„Уште од хеликоптер можевме да видиме колку е убав овој дел од Франција“, изјавил Путин ѝ му се заблагодарил на Макрон за гостопримството.

„Макрон беше толку љубезен што целата наша делегација ја смести под сенка, на ладовина, а тој и неговата делегација останаа на сонце“, изјавил Путин.

Макрон и Путин се сретнаа неколку дена пред почетокот на самитот Г-7, кој треба да се одржи во градот Бијарици. На овој самит е планирано да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.

Текстот (Галерија) Путин ѝ подари букет цвеќе на Бриџит Макрон е превземен од Reporter.mk.