(Галерија) Студент од стар автобус направи модерен дом

Студентот на архитектура купил стар автобус и го претворил во удобен и модерен дом. Во работата му помогнале неговиот брат и неколку пријатели. По 14 недели работа, автобусот станал место во кое може да се живее.

Возилото може да собере вкупно 12 лица. Располага со кујна, купатило и има две проѕирни стакла на покривот, кои обезбедуваат убав поглед на небото во текот на денот и ноќта. Мебелот не е целосно фиксиран, па лесно може да се пресели и чува на друго место.

Во задниот дел од автобусот има голем двоен кревет кој може да се претвори во зона за седење или за вечера, а во поголемиот дел од мебелот има и простор каде што можете да се чуваат лични предмети.

Во кујната има мијалник, фрижидер и печка, кои работат на гас. Малата подвижна бања се наоѓа на најназадниот дел на автобусот.

Текстот (Галерија) Студент од стар автобус направи модерен дом е превземен од Reporter.mk.