(Галерија) Во Рио почна најголемиот карневал на светот

Вчеравечер во Рио де Женеиро започна најголемиот карневал во светот. На карневалот што ќе трае пет дена пред публиката ќе се претстават познатите бразилски школи за самба. На легендарниот Самбадром се очекуваат околу 70.000 гледачи. Според локалните власти, карневалот ќе привлече 1.5 милиони туристи, а градот ќе оствари приход од повеќе од една милијарда долари.

Карневалот во Рио првпат се одржал во 17 век, а од 19 век почнал да се одржува под силно влијание на италијанските карневали и африканската култура. Самбата била воведена во програмата во 1917 година.

Но, колку и да се прославени низ светот, училиштата за самба оваа година за првпат нема да добијат пари од градот за своето учество на карневалот. Претседателот Жаир Болсонаро и градоначалникот на Рио, Марсело Кривелја, подолго време се борат против она за што најмногу се залага карневалот: различности, уметност и животна средина. И покрај ова, популарните школи за самба решија да не ги разочараат и граѓаните ни туристите и да го одржат карневалот во сиот свој сјај, како и претходните години.


Текстот (Галерија) Во Рио почна најголемиот карневал на светот е превземен од Reporter.mk.