Гасете болјери и не мочајте, Македонци добија упатство за однесување во апартман во Грција

Гости во летувалиште во градот Дионисиос, во близина на Неа Модања, Грција, добиваат опширно упатство за тоа како треба да се однесуваат додека престојуваат во апартманите. Во секој од апартманите, кај што летуваат и многу Македонци, има залепено листа со дваесетина правила до кои мора да се придржуваат сите гости. „Вклучете го бојлерот 15 минути пред да се капете, и не заборавајте да го исклучите оти струјата е скапа“, „Не влечете мебел или столчиња по подот, звукот ги иритира другите гости“, „Кога готвите, ставете капак на тавите, оти пареата ги уништува кујнските елементи“, „Ако децата мочаат додека спијат, ставајте им пелени или пластични најлони под чаршавите“, „Пешкирите од кујната се за бришење чинии, не ги фрлајте долу за да го бришете подот“, „Во комодата со фиоки ставајте само лесни предмети“, „Ролетните кревајте ги и спуштајте ги внимателно“, се само дел од барањата што ги имаат сопствениците.

Листата со бројните правила за однесување стана хит на социјалните мрежи.

Текстот Гасете болјери и не мочајте, Македонци добија упатство за однесување во апартман во Грција е превземен од Reporter.mk.