Големо невреме за викенд

Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија најавува дожд и локална појава на град во текот на викендот. Најголемо невреме се очекува во источните делови од земјата.

Во овој момент во источните предели од континентот се развиваат олујни системи кои може да предизвикаат локални поројни врнежи од дожд, проследени со електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град. Од Управата предупредуваат во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.