Грчкиот остров Парос е прогласен за најубав во Европа

Читателите на магазинот Travel+Leisure го изгласале островот Парос во Грција за најубав европски остров. Своите оценки тие ги давале на база на природните богатства, храната, гостопримливоста, атракциите.

До Парос се стигнува со ракет од Пиреја или авион од Атина. За многумина ова претставува најдобро чуваната грчка тајна. Познат е по совршените природни плажи, космополитскиот ноќен живот и античките споменици, долините со лозја и плантажите со маслинови дрва.

Површината на островот Парос изнесува околу 186,5 километри квадратни, а должината на брегот изнесува 120 километри. Некогаш на ова место се наоѓало прочуениот каменолом од мармер од кој се направени бројни храмови. Парос во последните години станал пандан на Миконос и е познат како место каде има одличен ноќен живот.

Градовите Парикија и Науса се како слика од сништата. Улиците и куќите се поплочени со бел камен и сини позорци. На овој остров летуваат главно Италијанци и Англичани.

Тамошните жители велат дека ова место е подложно на силен ветер, но без него тешко може да се издржат летните жеги.

Текстот Грчкиот остров Парос е прогласен за најубав во Европа е превземен од Reporter.mk.