Хавиер Солана заразен со коронавирус

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, е примен во болница откако бил позитивен на тестот за коронавирус, пренесе Ројтерс.

Извори на агенцијата тврдат дека здравствената состојба му се подобрува, но дека од претпазливост и натаму е под лекарски надзор.

Инаку, дневниот шпански весник AБЦ вчера прв објави дека 77-годишниот Солана во средата бил хоспитализиран во болница.

Тој во понеделникот присуствувал на настан кој го организирала актуелната министерка за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја.

Текстот Хавиер Солана заразен со коронавирус е превземен од Reporter.mk.