Хилари Клинтон: Моника Левински беше возрасна и знаеше што прави со мојот Бил

Хилари Клинтон изјавила дека аферата на нејзиниот маж Бил Клинтон со Моника Левински додека работела како стажист во Белата куќа не било злоупотреба на моќ, затоа што дваесет и двегодишната девојка во тоа време знаела што прави и била возрасна.

Исто така Хилари изјавила дека нејзиниот сопруг бил во право, што не дал оставка во екот на скандалот, откако бил обвинет за лажење по повод аферата. На прашањето на новинарот на CBS Тони Докупил, дали Бил требало да отстапи и дали тоа било злоупотреба на моќта, Хилари одлучно одговорила со негативен одговор.

На коментарот на новинарот дека некои луѓе веруваат дека американскиот претседател не смеел да има врска со стажистка, затоа што дисбалансот на моќ е преголем, поранешната државна секретарка навела дека Левински во тоа време била свесна за своите постапки.

„Дозволете ми да ве прашам ова: Каде се истрагите на моменталниот службеник, против кој постојат бројни тврдења, кои тој ги негира, отфрла и исмева?“, возврати Хилари.

„Бил тогаш беше под истрага и се беше завршено и утврдено“, додала поранешниот државен секретар.

Ваквата изјава Хилари ја дала откако ги одби обвинувањата против нејзиниот сопруг, затоа што неговите постапки не биле сексуално вознемирување како оние на Трамп или Кавани.

Клинтонови имаат намера сега да тргнат во заедничка турнеја, која би можела да предизвика отворање на прашањата за тоа што двајцата минале во минатото, обвинувањата против Бил и тврдењата за сексуалното вознемирување во 1998 година.

Во 1999 година Сенатот го обвини Бил Клинтон и тој беше кривично гонет поради мешање во истрагата за аферта. Сенаторката на демократите во Њујорк Кристен Гилибранд минатата година изрази мислење дека поранешниот претседател би требало да отстапи поради аферата. Бил Клинтон претходно оваа година изјави дека не се согласува со неа.

Текстот Хилари Клинтон: Моника Левински беше возрасна и знаеше што прави со мојот Бил е превземен од Reporter.mk.