Хокинг: Трамп и брегзит се глобален револт на луѓето против експертите

Стивен Хокинг пред смртта снимил порака за светот која е пуштена на промоцијата на неговата нова книга „Кратки одговори на големите прашања“.

Хокинг во пораката изјавил дека образованието и науката се во голема опасност и дека не се почитуваат експертите.

Во својата порака тој навел дека изборот на Доналд Трамп за американски претседател и брегзит се дел од глобалниот револт против експертите. Познатиот физичар порачал дека науката мора да ги реши големите светски проблеми, како климатските промени, пренаселеноста, изумирањето на некои животински видови, уништувањето на шумите и друго.

„Ние сме во опасност да станаме културно изолирани и да станеме остров, сè поодалечени од местото каде што има напредок“, порачал Хокинг.

„Што ги чека оние кои сега се млади? Со сигурност можам да кажам дека нивната иднина зависи од науката и технологијата повеќе од на која било претходна генерација“, дополнил научникот.

Потоа во својата порака ги замолил младите да погледнат нагоре во ѕвездите, а не доле во своите стапала и да се прашаат зошто постои вселената.

„Важно е да не се откажете. Дајте ѝ на вашата фантазија малку волја. Обликувајте ја иднината“, им порача Хокинг на младите.

 

 

Текстот Хокинг: Трамп и брегзит се глобален револт на луѓето против експертите е превземен од Reporter.mk.