Холивуд може да ги искористи спасените деца од пештерата

Владата во Тајланд соопштила дека е загрижена дека медиумите и филмските продуценти би можеле да ги искористат децата кои неодамна беа спасени од поплавената пештера во таа земја и дека поради тоа сака да контролира како во филмовите ќе бидат прикажани тешките искушенија низ кои децата минаа и нивното херојско спасување.

Министерот за култура Вира Роджпочанарат изјавил дека состанокот на Кабинетот кој ќе се одржи идната недела ќе предложи формирање на специјален комитет кој ќе ги надгледува сите во врска со снимањето на филмови, документарци и видео снимки за искуството на 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои биле заробени во пештерата речиси три недели.

Властите во Тајланд откако децата биле вратени дома, ги критикуваа повеќето странски медиуми, дека ги игнорирале официјалните совети да ги остават момчињата на мира барем месец дена, за да не бидат изложени на психолошки стрес, кој би можел да биде предизвикан со прераскажувањето на маките низ кои минале.

Потпретседателот на владата на Тајланд Висан Кре-нгам изјавил дека им наложил на официјалните лица од Министерството за социјален развој и човечка безбедност, да се осигураат дека млдите фудбалери нема да биде вознемирени додека минуваат низ период на ментална рехабилитација.

Тој ги предупреди странските медиуми дека би можеле да се соочат со кривично гонење, дури и ако намерно бидат прекршени законите за заштита на децата.

Висан, кој важи за висок правен експерт во тајландската владејачка хунта, изјавил дека момчињата имаат право да потпишат договори во сопствена корист, но напоменува дека владиниот комитет ќе им даде совети „како менаџер“, на барајќи профит за себе.

Високо официјално лице во Тајланд, изјавило дека владата е уплашена дека некои би можеле да потпишат договори, а кога еднаш ќе биде потпишан истиот, таа личност не може повеќе ништо да направи. Затоа е потребна помош од некој кој се разбира во право.

Текстот Холивуд може да ги искористи спасените деца од пештерата е превземен од Reporter.mk.