Хороскопски знаци што ги кријат чувствата

Астролозите велат дека постојат луѓе кои никогаш не ги покажуваат своите емоции. Тие луѓе се родени во шест хороскопски знаци и тоа: овен, близнаци, лав, девица, стрелец и вага.

Овен

Личностите родени во овој знак често ја покажуваат својата ментална сила преку карактерот: сакаат да галамат и да се наметнуваат како авторитет. Често оддаваат впечаток на насилници, но всушност вистината е поинаква. Сакаат во незгодните ситуации да покажат самодоверба. Во друштво се претставуваат како заштитници па пријателите ги ценат поради тоа.

Близнаци

Често се чувствуваат како најчувствителни и најзагрозени суштества на земјата и се што сакаат е да се заштитат од опасноста. Покажуваат инат во самодоверба знаат и да претераат. Стравовите кои доаѓаат од сопствената несигурност се проектираат на другите. Се преправаат дека знаат да ги прават сите работи на светот.

Девица

Сакаат да покжат дека со нив нема расправии и голема тврдоглавост. Дури и кога се во добро расположение, знаат како да бидат непријатни кон своите непријатели. Мируваат единствено кога спијат, а по првото кафе продолжуваат таму каде застанале предходниот ден.

Стрелец

Стрелецот не реагира на реакциите од околината и не се плаши да покаже дрскост. Во друштвото сакаат да се постават авторитативно.

Лав

Нивниот карактер не е по вкус на многумина. Намерно се претставуваат како лакоми за околината да им се плаши. Под секоја цена ја покажуваат желбата, волјата и грижливоста, но станува збор за личности кои длабоко во себе ги кријат своите маани. Сакаат да се фалат и да ја истакнуваат својата храброст и посветеност.

Вага

Вешто ја покажуваат менталната сила и бестрашноста, но најчесто не ги красат овие особини. Често, под тоа се крие необјаснет страв. Да сметате на нивната храброст е голем промашај. На сите можни начини сакаат да поминат без караници. Кога ја покажуваат својата мрачна страна, но нив всушност се крие страв и несигурност.

Текстот Хороскопски знаци што ги кријат чувствата е превземен од Reporter.mk.