Хороскопски знаци што најлесно раскинуваат

Некои луѓе успеваат да раскинат и да ја преболат врската во само неколку дена, а кај други страдањето може да трае и со месеци. Според астролозите, четири хороскопски знаци најлесно раскинуваат и врска и пријателство. Тие сакаат слобода и независност и не жалат што нешто завршило.

Водолија

Водолиите се на прво место на листата на слободни знаци. Нив не можете посесивно да ги држите кај себе, ниту да очекувате дека тие би се откажале од сопствената слобода. Ако ги притискате со љубомора, веднаш ќе избегаат од вас и ќе имаат чувство на олеснување.

Овен

Овните сакаат да бидат на водечка позиција, како во љубовта, така и општо во меѓучовечките односи. Сакаат нивниот збор да е последен. Страсни се, но кога оставаат, тоа го прават храбро и децидно, без воопшто да се вртат кон минатото. Исто така, имаат низок праг на толеранција и мала желба за компромиси.

Близнаци

Близнаците умеат да ве облеат со внимание и нежност, но проблемот со нив е тоа што нивните емоции се непостојани и тие се навикнати на тоа. Близнаците, всушност, бегаат во моментот кога сфаќаат дека се вљубуваат, бидејќи тоа не е типично за нив.

Стрелец

Стрелецот кога ќе ве остави ќе има одредена грижа на совест, но желбата за слобода и неограниченост ќе надвладее. Понекогаш дури и се враќаат кај поранешниот партнер, но ако почувствуваат притисок, раскинуваат без простор за враќање назад.

Текстот Хороскопски знаци што најлесно раскинуваат е превземен од Reporter.mk.