Како што некои хороскопски знаци не можат едни без други, има и такви што не можат да се поднесат меѓусебе.
Водолија и бик
Биковите кои секогаш ги следат правилата и имаат беспрекорно организиран живот, им одат на живци на сонувачите родени во знакот на водолија.
Риби и стрелец
Креативната и емотивна природа на рибите никако не ги поднесува гласните стрелци кои секогаш бараат внимание од околната.
Овен и близнаци
Овните се амбициозни и полни со елан, успешно ја извршуваат секоја задача, па затоа не можат да се справат со луѓето кои се неодлучни и непромислени, а такви се близнаците.
Бик и јарец
Самоуверени, полни со доверба и духовни, биковите тешко можат да ги разберат ситничарите како што се оние родени во знакот на Јарец.
Близнаци и риби
Комуникативните и понекогаш нервозни близнаци не можат да најдат заеднички јазик со интровертните и пасивни риби.
Рак и скорпија
Полни со љубов и сочувство, романтичните ракови можат лесно да се изнервираат поради променливите и темпераментни скорпии.
Лав и лав
Самоуверените лавови бараат внимание и не поднесуваат кога некој сака да им ја украде славата, па затоа многу често не се сложуваат со припадниците на својот хорокопски знак, лав.
Девица и девица
Секогаш се многу организирани, помалку невротични, многу уредни, но и луѓе кои живеат под стрес. Доколку сретнат некој кој им укажува на сопствените слабости, на пример друга девица, тоа за нив не е воопшто забавно.
Вага и овен
Ниеден знак не ужива во чесноста и мирот колку вагата. Кога ќе згрешат, веднаш признаваат и сакаат да го поправат тоа. Сосема спротивно од овните, па тоа е една од причините што овие знаци не се поднесуваат.
Скорпија и водолија
Сонувачите како што се водолиите им одат на нерви на темпераментните скорпии, кои имаат силна потреба да стојат цврсто на земја.
Стрелец и рак
Стрелците кои сакаат возбуда никако не поднесуваат ред и досада. Затоа многу ги нервираат пречувствителните ракови.
Јарец и вага
Одговорните и точни Јарци не можат да ги поднесат превртливите ваги.
Текстот Хороскопски знаци што не се поднесуваат меѓусебно е превземен од Reporter.mk.