Хороскопски знаци што не се поднесуваат меѓусебно

Како што некои хороскопски знаци не можат едни без други, има и такви што не можат да се поднесат меѓусебе.

Водолија и бик

Биковите кои секогаш ги следат правилата и имаат беспрекорно организиран живот, им одат на живци на сонувачите родени во знакот на водолија.

Риби и стрелец

Креативната и емотивна природа на рибите никако не ги поднесува гласните стрелци кои секогаш бараат внимание од околната.

Овен и близнаци

Овните се амбициозни и полни со елан, успешно ја извршуваат секоја задача, па затоа не можат да се справат со луѓето кои се неодлучни и непромислени, а такви се близнаците.

Бик и јарец

Самоуверени, полни со доверба и духовни, биковите тешко можат да ги разберат ситничарите како што се оние родени во знакот на Јарец.

Близнаци и риби

Комуникативните и понекогаш нервозни близнаци не можат да најдат заеднички јазик со интровертните и пасивни риби.

Рак и скорпија

Полни со љубов и сочувство, романтичните ракови можат лесно да се изнервираат поради променливите и темпераментни скорпии.

Лав и лав

Самоуверените лавови бараат внимание и не поднесуваат кога некој сака да им ја украде славата, па затоа многу често не се сложуваат со припадниците на својот хорокопски знак, лав.

Девица и девица

Секогаш се многу организирани, помалку невротични, многу уредни, но и луѓе кои живеат под стрес. Доколку сретнат некој кој им укажува на сопствените слабости, на пример друга девица, тоа за нив не е воопшто забавно.

Вага и овен

Ниеден знак не ужива во чесноста и мирот колку вагата. Кога ќе згрешат, веднаш признаваат и сакаат да го поправат тоа. Сосема спротивно од овните, па тоа е една од причините што овие знаци не се поднесуваат.

Скорпија и водолија

Сонувачите како што се водолиите им одат на нерви на темпераментните скорпии, кои имаат силна потреба да стојат цврсто на земја.

Стрелец и рак

Стрелците кои сакаат возбуда никако не поднесуваат ред и досада. Затоа многу ги нервираат пречувствителните ракови.

Јарец и вага

Одговорните и точни Јарци не можат да ги поднесат превртливите ваги.

Текстот Хороскопски знаци што не се поднесуваат меѓусебно е превземен од Reporter.mk.