Христијаните најпрогонувани во 2019 година

Околу 260 милиони христијани во светот биле прогонети од своите домови во 2019 година. Оваа бројка е во постојан раст, додека бројот на убиени поради верата е намален, пренесе невладината организација „Отворена врата“. Оваа протестантска организација го објавила годишниот индекс на педесет земји, во кои христијаните се најмногу прогонети, а го опфаќа периодот од декември 2018 година, до октомври 2019 година.

„Вкупно 260 милиони христијани, католици, православни, протестанти, баптисти, евангелисти, биле прогонети, а една година претходно оваа бројка изнесувала 245 милиони“, навеле од организацијата.

Под прогон се подразбира насилство кое може да се сведе и на убиство, но и секојдневно, помалку забележано угнетување. „Таквиот пораст се толкува на влошената состојбата на верската слобода во Кина на државно ниво, а се шири на големиот број покраини преку ширењето на џихадизмот во Африка“, пренесува невладината организација.

Бројот на убиени христијани е паднат од 4305 на 2983, или за 31% во однос на претходната година.

„Овој број расте веќе трета година по ред“, пишува „Отворена врата“, која објаснува дека е забележан пад на бројот на убиени христијани во Нигерија.

Сепак, Нигерија и понатаму води меѓу земјите со најголем број христијани убиени поради верата (1350 мртви). За година дена бројот на напади на цркви во светот петкратно е зголемен. Од 1847 на 9488, а бројот на затворени христијани е зголемен од 3150 на 3711.

Кога ќе се земат  предвид облиците на прогон, Северна Кореја и понатаму е на врвот на оваа листа.

„Поради тоталитарната власт кои режимот го има над секој поединец, верата во Бога се смета за злостор против режимот, што е доволна причина еден поединец да заврши во работен логор“, е наведено од организацијата.

Следуваат Авганистан, Сомалија, Либија, Пакистан, Еритреј, Судан, Јемен, Иран и Индија.

Текстот Христијаните најпрогонувани во 2019 година е превземен од Reporter.mk.