Хрвати се врзаа со синџири за да не ги исфрлат од кафуле

Откако во Хрватска се отворија кафулињата и рестораните, многумина седнаа на омилените места за релаксирање. Меѓу нив се и другарите Силвио и Андреј кои вчераутро чекале да се отвори кафулето „Лутвинка“, па седнале на омилената маса, порачале пиво и се врзале со синџири за да не ги исфрлат. Фотографијата на која двајцата пријатели пијат пиво стана хит во регионот, а ја објави „Јутарњи лист“.

„Нема да дозволиме некој да не исфрли ако решат повторно да ги затворат угостителските објекти,“ рекле тие.

 

 

Текстот Хрвати се врзаа со синџири за да не ги исфрлат од кафуле е превземен од Reporter.mk.