Хрватскиот фудбалер Перишиќ одложи венчавка

Неверојатна ситуација му се случила на хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ, кој оваа сабота требало да биде кум на венчавката на својот најдобар пријател Фране Јурчевиќ.

.. 🚤👌🏼😎🏐 .. #TheCrew

A post shared by Ivan Perišić (@ivanperisic444) on

Но, наместо Иван да дојде на неговата венчавка, пријателот ќе дојде на мечот во Москва, затоа што Хрватска е во финалето на Светското првенство.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Иван уште претходно му рекол на неговиот пријател дека ќе има чувство дека Хрватска далеку ќе стигне на ова првенство и го предупредил дека денот на венчавката може да се случи во Русија.

По сите случувања, Фране одлучил да се ожени неколку дена по финалето, попрецизно во четврток.